Преку статус на својата фб страница, министерот за земјоделство Љупчо Николовски ги повика сите пратеници да гласаат за законите за исплаќање на земјоделските субвенции. Во својата објава тој потенцираше дека 20.000 тутунари, 10.000 сточари ги чекаат субвенциите за кои Владата има обезбедено средства, но заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени.
На статусот на министерот Николовски, реагираше координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, повикувајќи власта прво да ги исплати субвенциите што доцнат .