Народната медицина изобилува со народни лекови, а во денешнава рубрика „Природа и здравје “ издвоивме еден кој е особено делотворен при кашлица кај деца.
Потребни состојки:
1 среден кромид со лушпа;
4 ореви со лушпа – напукнати;
1 јаболко со семки и лушпа, поделено на четири дела;
Сите состојки се полеваат со 300 мл вода и се варат 15 минути на тивок оган.
Откако ќе остане малку течност и смесата ќе се згусти се процедува и пие.
Ова е рецепт за една доза. Потребно е да се консумира три до четири пати во текот на денот.