Грчката влада подготвува план за вонредни ситуации за заштеда на струја и друга енергија во случај на целосен и продолжен прекин на снабдувањето со руски гас, објави атинскиот весник „Та неа“. Вонредните прекини на струја во работните денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови стоки. Неизвесноста и обемот на војната во Украина, како и реакцијата на Москва на непредвидливите санкции на ЕУ, бараат низа интервенции кои во Грција ќе доведат ограничување на потрошувачката на електрична енергија како и превозот.