Цените на градежниот пазар нема да се смират и стабилизираат во интерес на граѓаните туку ќе раснат и ќе создават нови главоболки за сите. Причина за ова е најновата директива на Европската комисија која предвидува задолжително инсталирање панели на сите деловни и станбнеи објекти.
Цената на градбата под вакви услови сигурно ќе оди нагоре. Дестабилизација поради енергетиката и воената криза има и сега, но дополнително ќе бидат вклучени и нови трошоци и тоа на подолг рок, што гарантирано ќе значи повеќе пари за секој градежен станбен или деловен простор, велат инженери од градежниот сектор.
Според експертите, поставувањето на соларни панели на кровните конструкции е инвестиција на подолг период.
За производство на на 10 киловати електрична енергија потребна е инвестиција од околу 7-10.000 евра. Потребно време за вракање на парите е 5-7 години,
Кај нас законска обврска сеуште нема а инсталиарњето воглавно е со државни субвенции кои министерството за еконимија ги највува и во иднина.
Стимулирањето во трајно обновливи извори на енергија ќе продолжи и во иднина а условите ке се подобруваат за сите, најави минисерот за економија Крешник Бектеши.
Парите кои држават ги обезбедува за оваа намена доаѓаат од повеќе насоки но Европската комиија има план кој до 2025 година предвидува 270 милијарди евра за оваа намена . До 2030 година земјите на ЕУ на овој начин треба да произведуваат 45% од потребната енергија.
Во мегувреме, преголемата зависност од енергија и нејзината неисплатлива цена принудуваат на инвестирање без одлагање. Во приватниот сектор се праваат масовни планови за пиставување на панели на спасот а слично размислуваат и во јавните институции на давно и локално ниво.