Штипјанецот Васил Караѓозов е балкански вицешампион во качување на вештачка карпа. Трофејот го освои викендов, во Ајдин, Турција, на Балканското првенство во спортско качување на вештачка карпа. Учествуваа 90 натпреварувачи во 5 категории од Турција, Романија, Бугарија, Грција, Србија и Македонија. Од Нашата држава ја претставуваа 14 натпреварувачи.
Караѓозов титулата ја освои во категоријата де мажи .