Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево, денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби. Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини веднаш се евакуирани. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите за бомби, а досега сит биле лажни. Цели на анонимните закани, покрај училиштата се и судовите.