11.5 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

Депонијата во Кочани гори веќе 5 месеци. Жителите од село Бели повторно на протести

Жителите од кочанското село Бели денеска излегоа на предупредувачки протест пред ЈКП Водовод, поради чадот од запалената кочанска депонија.

Нивните куќи се на само неколку метри од депонијата  и тие се најзиложени на загадувањето и штетните влијанија од депонијата која изминативе 5 месеци во континуитет гори.

Надлежно за одржување на депонијата е кочанското јавно претпријатие Водовод, од каде се категорични дека на решавање на проблемот секојдневно се работи.

Од друга страна, жителите на Бели се уште покатегорични дека доколку решение итно не се најде, тие ќе го блокираат приодот до неа.

Ова не е првпат, жителите на Бели да излегуваат на протести и блокади поради запалената депонија.

Идентична ситуација имаше и пред три години, по што беше ангажирана фирма, а депонијата беше третирана со природни алги за да се намали количеството на метан во внатрешноста, поради кој депонијата и се пали.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles