За Денот на младоста, Кочани повторно потсети за Тито и Југославија, а југослеовенскиот декор и штафетата на младоста го свртеа вниманието низ кочанските улици.
На овој начин, макар и симболично тие се вратија во едно друго време со поинакви вредносни системи и држевни достигнувања:
За оние кои го живееле тоа време, таков систем посакуваат и за своите поколенија.
25-Мај, Денот на младоста беше ден со посебно значење во некогашна СФРЈ .
Идејата за овој настан се родила во Крагуевац во 1945 година. Младинската штафета која минуваше низ целата земја ја осмисли Одделението за спорт и фискултура и во неа трчаа најуспешните младинци. Таа беше симбол на единството меѓу некогаш братските народи и начин младите луѓе да се поврзат меѓусебе и да се почитуваат.
По смртта на Тито во 1980 година, Штафетата на младоста продолжи да се предава од рака на рака меѓу милиони луѓе се до 1987 година.