Во Македонска Каменица се подготвува соодветна документација за изградба на патна инфраструктура во сите рурални средини. По реализацијата на тековните инфраструктурни проекти продолжува изградбата на патна инфраструктура во Костин дол – локален пат од Штабо до Чобанска маала. Се подготвува документација за патишта до Друмалиска маала, до Папуричка маала, Лажовци, Осојанска маала, како и за поврзување на село Костин дол со село Косевица.