Со стипендии во висина од 3000 денари МОН ќе ги стимулира деветооделенците да ги одберат средните стручни училишта за нивна натамошна наобразба тврди заменик министерот за образование Љуљзим Алиу, одговарајќи на прашањето на ТВ Стар, дали конечно ќе има реформи во средното стручно образование и анулирање на хроничниот недостиг на образовани кадри од повеќе дејности.
Решавањето на хроничниот недостиг на ученици, МОН го решава со толеранција во формирањето на паралелките и под дадениот законски минимум.
За прв пат од наредната учебна година штипското средно текстилно училиште Димитар Мирасчиев ќе има паралелка од дуалното образование.
Докажаниот квалитет во наставно образованиот процес е главниот адут за афирмација на средното медицинско училиште Јане Сандански.
Интензивни средби со бизнис секторот и менаџментот на средните стручни училишта се императив на општината,дуалното образование да заземе пошироки рамки, тврди градоначалникот Иван Јорданов.
Учи паметно, работни стручно е девизата на кампањата за поголема афирмација на овие средно образовни институции од страна на ресорното министерство. Досегашното двегодишно искуство покажува позитивен тренд. Од првичните 97, бројот на ваков вид на паралелки во земјата се искачи на 227, а деловната соработка со компаниите учеснички се позиционира на 400 потпишани договори.