Јавните претпријатија трпат финансиска стагнација и повеќе не се атрактивни за вработување. На нивните сметки пари има се помалку, а платите кои ги нудат ни случајно не се тоа што од нив до скоро се очекуваше.
За прв пат се случува тие да неможат да обезбедат стручен високошколски персонал, а се поголем проблем се и оперативците.
Речиси идентични се платите на овие кадри и во останатите јавни претпријатија во регионот.
Сепак она што досега историјата на работењето на овие претпријатја не го познава е соочувањето со недостаток на општи работници. Сега тие едвај можат да се најдат, а одкако ќе се најдат најчесто заминуваат многу бргу.
Овој проблем станува акутен и ги засега и граѓаните кои од ЈП очекуваат брза и ефикасна услуга, но прашање е како овој проблем во иднина ќе се реперкуира.
На пример во моментов ЈП Исар има само 330 вработени што е за речиси 100 помалку од пред неколку години. Истовремено соодносот администрација – работници е драстично намален бидејќи практично бројот на административците постојано се намалува.
Во моментов во единаесетте општини од регионот јавните претпријатија вработуваат околу 1500 работници, а тенденцијата на нивно опаѓање е евидентна.