Политиките на раст на платата ќе продолжат. Владата и во услови на најголема светска криза продолжува со засилена динамика да работи на зголемувањето на просечната плата, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тука, додаде Ковачевски, удел има и минималната плата којашто е зголемена на 18 илјади денари, а исто така и пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата, а потоа и усогласувањето кое ќе следи во ноември.