Со допис испратен до шумските подружници, Национални шуми и фоицијално им забранил на сопствениците на имот во заштитениот предел Малешево, да сечат дрва од својот имот.
Одлуката, тврдат тие пристигнала денес и таа за нив е повеќе од лоша вест.
Против ваква одлука сопствениците неколкупати протетсирааи блокираа патишта, а сега најавуваат дека ќе се жалат и до Швајцарската агенција и оттаму ќе бараат поддршка во намерата нивните имоти да бидат изземени од заштитениот предел.
Во заштитеното подрачје се опфатени околу 11.000 хектари шума, од кои 70 % се во приватна сопственост. Освен шуми во заштитениот предел има и ниви, ливади и овоштарници кои сопствениците исто така имаат проблем да ги користат.