Големо невреме вчера попладне зафати дел од Хрватска, а најлошо беше во општините Голем и Мал Буковец, каде беа уништени оранжерии, а особено погоедени биле оранжериите во кои се одгледува цвеќе, и кои произведуваат половина од вкупното производство на цвеќе во Хрватска. Невремето проследено со ветер, дожд и град со големина на „тениски топчиња“ во средата зафати дури пет жупани во Хрватска. До тамошната Дирекцијата за цивилна заштита пристигнале пријави за оштетени покриви, паднати дрвја на патишта и оштетени возила.