Еден милион денари ќе потроши штипската општина во финализација на реконструкцијата на улиците баница и Ристо Стојков во населбата Пребег. Во тек се подготвителните работи за нивно асфалтирање.
Градежните работи не застануваат тука. Обемна е програмата за реконструкција на инфраструктурата во одделни делови од градот, дополни Јорданов.
Повеќе годишните барања на граѓаните не само од оваа но и од останатите делови на Штип, за обнова на дел од улиците, но и решавање на напластените комунални проблеми, постапно го даваат нивното решение, тврдат локалните власти.