Денеска во организација на Општина Кочани се одржа дискусија за нацрт-извештајот од социјалното мапирање на состојбата и потребите на лицата со попреченост во Општина Кочани. Учесниците на настанот имаа можност да предложат области и форми каде треба да се направат интервенции за поголема пристапност, социјална интеграција или за остварување права.