Карбинци во моментов е најатрактивното место за купување наедвижен имот во Регионот. Само во последните неколку месеци, имотите промениле 50 сопственици.
Големата побарувачка се однесува на куќи, но најмногу на земјоделско земјиште , поради што во овој период , цената е највисока досега и досигна 0д 3-7 евра за м/2.
Освен за земјоделско, голем интерес има и за градежно земјиште, поради што Општината веќе размислува за продажба на градежно земјиште.
Атрактивноста на плацевите во општина Карбинци е присутна подолг период, поради што индустриската зона е одамна распродадена , па од Општината размислуваат за уредување на нова.
Само за две години, Општината по основ данок на промет има инкасирано 150.000 евра, но уште поважно е што ова повлекува индистриски и економски развој .