15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Преработувачите на месо се на нозе. Државата да не презема мерки на нивна штета

Преработувачите на месо се интригантно загрижени за нивната перспектива во услови на лоша економска состојба  и според нив не соодветни мерки на државата . Досега  тие трпат само штети , а нова неизвесност пред нив се испречува со истекот на рокот со кој се овозможува бесцарински увоз на суровини.

Поради ова, тие итно бараат овој рок да се продолжи, зашто конкуренцијата од странство е преголема и на штета и на домашните преработувачи и на државниот буџет.

Доколку тоа не се направи, македонските сувомесни производи ќе бидат за 15-20 % поскапи од увозните, а со тоа и неколнкурентни на домашниот пазар.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката“.

Исто така, на само неколку денови пред истекот на рокот на владините мерки кои подразбирата замрзната маржа, преработувачите апелираат државата да не носи мерки кои се на штета на стопанството.

Во Државата има околу 20 капацитети за преработка на месо кои фработуваат околу 2.000 лица. Поради лошите услови за работа, две помали компании веќе го прекинале производството, а неколку работат со многу помал капацитет од вообичаениот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles