Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни.
Бидејќи сите институции дадоа позитивно мислење, очекуваме измената да биде усвоена на следната владина седница. Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивен интерес, за да можат да ги поднесат своите апликации во рамки на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30 јуни – велат од МЗШВ.
На овој начин, според Министерството, ќе им се помогне на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок што истекува на 31 мај.