1.6 C
New York
Thursday, November 30, 2023

Buy now

spot_img

Тарифните категории  од јули  ке ги збунат граганите  и крајот со сметките  за струја нема да си го фатат, велат експертите.

Нејасно, збунувавачки и на  штета на граганите  ке бидат новите тарифни модели за плакње на струјата од јули. Дел од нив ниту сега незнаат да ги читаат  инсталираните струјомери, велат експертите .

Очекуваме да добиеме јасна методологија, како ќе се пресметувааат најавените категории, бидејќи голем дел од населението не ги разбира инсталираните струјомери и нема да ги отчитуваат, ниту да пресметуваат колку потрошиле и по која цена тоа ќе биде фактурирано. Мора да се знаат однапред сите инпути и пресметки, за граѓаните однапред да се запознаат што ги чека и како ќе се одрази сето тоа на нивниот буџет, вели за “Денар”, Сања Божиновска- консултант по енергетика.

Заклучокот на експертите го потврдуват и граганите. Читањето на новоинсталираните струјомери за нив е сложено.

Регуаторната комисија најави дека со новата цена на струјата во јули, домаќинствата ќе добијат и нов тарифник. Со него цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од тоа колку е потрошувачката а Комисијата заедно со експерти се уште работи на дефинирање на овој правилник. Планот е да има неколку тарифни модели  односно три до четири.

Од РКЕ уверуваат дека целта на овој тарифник е да се натераат домаќинствата струјата  да ја трошат рационално, затоа што има некои семејства кои енормно трошат и тие плаќаат исто како и оние кои паметно ја користат електричната енергија. Вакви тарифници веќе има во регионот, во Србија, Црна Гора и Косово. Но, освен земјава на ваков правилник во моментов работи и Албанија.

Во јули месец граѓаните ги чека и нова цена на струјата.  Дел од енергетските  компании веќе ги имаат доставено пресметките на трошоците до РКЕ, но каква ќе биде новата цена, најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ за домаќинствата и колку джвата ке одлучи  да им помогне на граганите .

Предвидувањата на аналитичарите се дека на берзите цената на електричната енергија и оваа и следната година ќе остане висока, а тоа е показател дека и на домашниот пазар ке се случува истото.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,912FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles