14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

Поука од ланската катастрофа колку толку – има. Противпожарните единици поподготвени и поопремени

Општините, колку – толку извлекоа поука од ланската пожарна катастрофа  во Источниот регион.

Противпожарните едниници се поопремени со опрема , пожарникарите поподготвени , а општините поорганизирани во тоа како да се спротистават на потенцијалните огнени ризици.

Лани, во пожарите пеколно страдаа Берово, Пехчево, Делчево и Кочани и заклучокот на сите одговорни беше дека никогаш повеќе огнот не смее да направи толку големи штети.

Речиси една година подоцна, прашањето е што општините презедоа во меѓувреме.

Сепак  драстични промени во склоп на Територијалните противпожарни  единици нема, а пожарникарите се уште имаат голем недостиг,  првенствено од луѓе.

Големиот број пожари минатата година и долгогодишните последици од нив, ја промовираа идејата заеднички противпожарен систем во Регионот, но таа остана само идеја. Зошто.

Сепак, извесен исклучок е општината Кочани каде граѓаните се организираа во Доброволно противпожарно друштво, поминаа соодветни обуки и по пат на донации, собираат пари за купување на теренско возило.  За нешто слично се подготвува и Пехчево.

На овој начин, се овозможува многу поголем човечки потенцијал со соодветни знаења, да се вклучи во гаснењето на евентуалните пожари.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles