Иако бугарскиот премиер Кирил Петков има силна желба да го тргне односно укине ветото за С. Македонија, тој нема да го стори тоа, бидејќи следниот ден нема да биде премиер, а владата ќе падне, вели Петар Витанов, шеф на делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент. Според него, бугарските граѓани нема да останат рамнодушни доколку владата одлучи да го укине ветото во сегашната состојба на преговорите.