Воспитувачките и негувателките кои го поддржаа штајкот на СОНК се подготвуваат да излезат на протест пред седиштето на Синдикатот, зашто се уште не ја земале платата за април. Дополнително, до нив пристигнале информации дека за периодт на штрајк, личните доходи ќе им биле намалени за 2.000 до 4.000 денари.
Се чувствуваме предадени, колегите од образование платата за април ја добија во целост без никакво кратење и на време, а ние од градинките се уште немаме земено плата за април, велат дел од вработените во допис до медиумите.
Од друга страна , од СОНК се децидни дека доколку не се договореле со Минсиерсвото, вработените кои штрајкувале , воопшто и немало д адобијат плата за деновите на штрајк.
Споед Неделков, сумата која овој месец е намален, ќе биде надополнета наредниот.
Станува збор за околу 2.000 вработени во градинките кои не згрижуваа дечиња за време на штрајк, иако според законот, беа обврзани на тоа.
Со постигнатиот договор и тие ќе добијат зголемување на платите од септември за 15%. Инаку, платата на негувателките во градинките во моментов изнесува 18.821 денар, а на воспитувачките 24.900 денари.