19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Државата и трговците  од среда ќе си го земат своето. Многу од граѓаните нема да ги издржат новите цени

Од среда , 01 јуни Државата ќе ја активира наплатата на ДДВ за основните прехранбени артикли со што, по автоматизам цените на основните животни продукти ќе бидат поскапи за најмалку 5 %.

Со други зборови ова значи дека тие ќе имаат повисоки цени од 2-7 денари.

Калкулациите се дека маслото за јадење ќе поскапи за 7 денари, а лебот за дополнителни 2 , млекото би било поскапи за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.

Паралелно можност за нови повисоки цени  се укажува да формираат и трговците кои досега тврдеа дека работат со загуба.

Основните животни артикли немаат алтернатива за граѓаните, но со новите цени тие ќе станат уште понедостапни за нив. Животниот стандард и досега се давеше во немаштија, но од среда ќе биде уште потешко. Како со новите цени ќе се снаоѓаат потрошувачите?

Иако поскапувањето силно ќе ги притисне сите , сепак најголемиот удар ќе го доживеат пензионерите и социјално ранливите категории. Згора на ова, месецов е последен кога пензионерите ќе ги  примаат и последните владини 1.000 денари социјален додаток.

Новата неповолна ситуација ќе предизвика стрес во економијата , односно во производниот сектор бидејќи потрошуваќката секако ќе падне. Кои се очекуваните последици.

Секако ова не значи дека проблемите ќе завршат овде , бидејќи неизвесноста на полошо е комплетно присутна . Статистика пресметала дека за една година животнит стандард ни паднал з а 13, а само во април цените во просек се зголемени за 18 %. Што во наредниот период ќе се случува никој не може да предвиди освен дека претстои тешка зима .

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles