Доколку до декември не се пополнат испразнетите четири од девет места во Уставниот суд, можно е прогласување на Уставна криза во државата, најави денеска на прес претседателот на оваа институција Добрила Кацарска.
Уставна тужба е новата алатка, која наскоро ќе ја имплементира Уставниот суд. Со тоа се отвора можноста граѓаните побрзо да дојдат до правдата во Македонија,наместо со години да чекаат на одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Кацарска упати апел , во што е можно пократок временски рок, Собранието да ги изгласа преостанатите четири члена, бидејќи досега работата на Уставен е сведена на работ на кворум.