Сите излезни патишта од сегашната комплетна финансиска неизесност на ЈП-ја водат кон инсталирање на фотоволтаични системи и производство на сопствена струја. Неиздржливо високите цени на струјата ЈП-ја ќе ги срамнат со земја доколку итно не го реализираат единственото решение.
Второто најголемо ЈП во Регионот Водоводо Кочани има потреба од 500 MW струја месечно која ќе се обезбеди со централа со моќност од 3 MW. Toa e инвестиција од два милиони евра, што за моменталната состојба на Претпријатието е премногу.
Единствен начин толку гоплемата сума да се обезеди е кредит , но на него тие не можат да сметаат од следните причини.
Доколку сегашната состојба продолжи и решение не се најде итно , егзистенционална неизвесност за ЈП не е прашална , бидејќи тие финансиски ќе крахираат.
Во моментов, ЈП Исар има приходи од 18 мил ден месечно, а трошоците се 25 мил, што значи дека ствара месечна загуба од над 100.000 евра. За една година, тоа би биле нови 1,2 мил евра долг кои со сегашните 5 буквално никаде не водат.
ЈП Водовод Кочани во моментов има приходи од околу 12-13 мил денари. Со новата цена на струјата, се очекувата расходи од 20-23 милиони, што значи и месечна загуба од 8-10 милиони денари, односно околу 150.000 евра.