Брачен пар синоќа загина во сообраќајна несреќа во штипската населба Македонка на излезот кон Кочани. Трагедијата се случи на минути пред полноќ при директен судир на две возила.
Возачот на опел астрата , 19 –годишник од Штип по несреќата бил однесен во Клиничката болница Штип од каде за неговата здравствена состојба велат.
Лицето е прегледано од страна на лекарска екипа и кај него се констатирани телесни повреди. Истото е пуштено на домашно лекување, информираат од Клиничката болница – Штип.
Оваа локација на којашто вчера околу полноќ завршија два живота, во изминатиот период многупати било место на трагични сообраќајни завршетоци. Иако, во меѓувреме, сообраќајницата е проширена и асфалтно, прописно, уредена тоа не престана да биде ризик број еден на излезниот дел од патот Штип – Кочани.
Инаку, телата на синоќа починатите се испратени на обдукција, по што ќе бидат предадени на семејството.