По три месеци итервентно од Владата контролирани цени , денес граѓаните се соочија со слободни и максимално деморализирачки цени . Вовед во денешниот ден беа синоќешните редици за бензин кои по полноќ ја пробија психолошката цена од 100 ден, односно 106 ден. за литар еуросупер 98. Причина за ова е што Државата повторно за горивата на 18 % го врати ДДВ-то и делот од акцизата.
Одмрзнување и слободен од на цените доживеаја и основните животни артикли : леб, шеќер, зејтин, млеко, месо , ориз и јајца каде Државата исто така си го врати делот од 5 % ДДВ, а на трговците им се одврзаа рацете и слободно можат да ги формираат цените .
Сепак, не сите трговци на сите артикли, од различни причини успеаја да ги надградат цените и тоа го оставија да се случи во наредниот период, што значи скапото доаѓа.
Небесната цена на горивата и веднаш до нив и новите цени на некои артикли , во домашните буџети внесоа хаос и егзистенционална неизвесност . Згора на се , граѓаните се исплашени дека тука не е крајот и дека нови поскапувања се уште ќе има.Според нив, ценовни стресови претстојат уште.
На катастрофалните последици од новите поскапувања на прехрамбени производи врз стандардот на ранливите категории граѓани, предупредува Организацијата на потрошувачи.
Сигурно е , на сите досега огромни нови трошоци ќе им се надоврзе и новата цена на струјата која домашните буџети ќе ги празни за најмалку 10 %.