Започна асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица. Со претставници на Светска банка, фирмата-изведувач, надзор изврши градоначалникот Димчо Атанасовски. На улица Церска ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Од наредната недела започнува фаза 2 од изградба на “Миле Јаневски Џингар” и нејзино спојување со улица “Мирче Ацев”.