Без застој течат градежните активности на брана на река Отиња. Бетонските работи долж оската на браната како и основата за поставување на опточниот цевковод се готови, констатира денеска министерот за траспорт и врски Благој Бочварски, вршејќи увид во градежните работи.Што е следно , согласно планот за градба.
Есенва, како што најави Бочварски, завршува градбата на останатиот дел од експресниот пат Штип – Кочани.
Наскоро и на другата страна од коритото на реката Отиња ќе се постави оградата. Во тек е избор на компанија, што ќе го реализира овој градежен зафат најави министерот. Во рамките на проектот поврзување на локални патишта и улици, во Штип, министерството ја финансира реконструкцијата на пет улици. Крстосницата во населбата Сењак наскоро ќе се финализира.Улицата Панче Карагозов е завршена, додека, во тек е постапка за избор на изведувач за реконструкција на улиците 5 ти Конгрес, Браќа Даневи и Солидарност.