Животниот стандард е во дефанзива а цените во него пукаат со топови. Повеке од 2/3 од населението е во крајна неизвесност како да се платат сметките и како да се преживее?
Во овие веке критични денови за животниот стандард очите на сите гледаат во државата очекувајки нешто да се промени преку нок.
Со Ребалансот на Буџетот предвидени се средства кои се наменети за антикризни мерки, појаснуваат од Владата.
Сепак, за каков тип на мерки станува збор и кога тие би биле активирани, ниокој не знае. Оттука, прашањето за граганите е Што државата за нив треба да направи сега?
Во моментов , со цел да ја заштити економијата но и да го држи во кондиција Буџетот, Владата предизвика незадовлство кај граганите и поделена полемика мегу експертите.
Во исто време, во идентични прпблеми но со многу посилни економии со ситите прпблеми се соочуваат и останатте земји а превзементи мерки се следните.
Од 15 ноември минатата година, во Србија се замрзнати цените на брашното, зејтинот, свинското месо, млекото и шеќерот, а ограничувањето на цените беше продолжено за уште 5 месеци. Цените на горивата се ограничени до крајот на месецов.
Велика Британија воведе еднократен данок од 25 отсто за нафтените и гасни компании, за од тие пари да им даде по 650 фунти на најсиромашните граѓани за да може да си ги платат сè повисоките сметки за струја.
Бугарија на почетокот на мај донесе пакет од 1 милијарда евра за помош на најсиромашните а владата најави поевтинување на горивата за 0,25 лева, како и укинување на акцизата за природен гас, струја и метан.
Франција го ограничи поскапувањето на струјата а
Германија одлучи да ги поевтини горивата и да ги намали цените на билетите за јавен превоз.