Две лица од Кочани од кои едно малолетно се повредени во сообраќајна несреќа со мотор. Повредите тие ги добиле откако возачо изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Кочани, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.