Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи:
Колку за илустрација , цените на основните прехранбени артикли се зголемени драстично, па брашното на пример сега се продава по цена од 60 денари, а зејтинот од 165.
Лебот, млекото, јајцата и други основни производи се покачени за 3-7 денари.
Во однос на нов пакет анбтикризни мерки, вицепремиерот Фатмир Битиќи најави поддршка, но не за сите:
До сега, за ублажување на последиците од кризата потрошени се околу 615 милиони евра, а со ребалансот за нов пакет се предвидени 76 милиони евра.