Три лица од Крива Паланка, Зрновци и Грдовци се уапсени од страна на полицијата во Виница, откако претресот на возилото во кое биле на виделина извадил сомнителни и со закон недоволени работи.
Таму , пронајдени и одземени биле бела прашкаста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кривични дела.
По извршени проверки било утврдено дека еден од приведените бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.
Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.