На ден 05 јуни 2022 година (недела) со почеток во 20.00 часот, во просториите на Домот на културата во село Таринци ќе се одржи Собир на граѓани од село Таринци. Главната цел на овој собир ќе биде формирање на нов Црковен одбор за село Таринци, кој што ќе има основна задача да ја продолжи постапката за изградба на црковниот храм „Св. Димитриј“ во село Таринци.