15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Во понеделник ќе се знаат новите тарифни модели за пресметка на цената на струјата

Регулаторната комисија за енергетика  во понеделник ќе ги презентира тарифните модели по кои ќе се одредува цената на електричната енергија согласно потрошувачката.  Оттаму  информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите:

„ Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата“, се наведува во денешното соопштение од РКЕ.

Со ваквиот начин на тарифирање  регулаторите тврдат дека ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите.

Првите симулации на плаќање според новиот тарифник велат дека домаќинство што троши по околу 1 000 киловатчасови електрична енергија во скапа тарифа, ќе плаќа околу 40 проценти повисока сметка за струја отколку во моментов. Домаќинствата, пак, што трошат помалку од 500 киловатчасови месечно во висока тарифа, би требало да имаат исти или помали сметки за струја. Конечните гранични вредности меѓу тарифните модели, можат да претрпат измени.

Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања од 07:00 до 22:00 часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања  од 22:00 до 07:00 и недела ќе се применува иста цена.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles