Две физични и едно правно лице од Кочани од денес се со кривична пријава од полицијата за „Загрозување на животната средина со отпад”.
„ Пријавените, во име на второпријавениот правен субјект во периодот од 17.02.2022 година до 13.04.2022 година на инсталација лоцирана на ул. „Индустриска” бб во Кочани, неовластено тргувале со отпад без да поседуваат дозвола за управување со отпад издадена од стручен орган Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постапиле спротивно на Член 64 став 1 од Законот за управување со отпад“, информитраат од МВР.
За период од два месеца пријавените оствариле противправна имотна корист од 1,6 милиони денари.