Штип има премногу проблеми со водоводната мрежа, од година во година бројот на дефекти е се поголем, па решение за ова мора да се најде што поскоро.
Со цел комплетно решавање на проблемот со водоводната мрежа Јорданов предлага целосно заменување на примарната мрежа и тоа со парите од референдумот кои 28 години стоат неупотребени.
Последни примери за поголеми дефекти каде луѓето со денови остануваа без вода за пиење се улицата Борко Талев, како и населба Железничка.
Дали предлогот на градоначалникот Јорданов ќе се усвои зависи најпрво од консултациите кои ќе се одржат, а потоа и од граѓаните на општина Штип.