Општина Кочани започна со испитување на јавното мислење како дел од кампањата за зајакнување на сообраќајната култура. Во централното градско подрачје беше реализирана анкета со случајно избрани жители, по прашалник поврзан со проблемите и предизвиците во сообраќајот, користењето на еколошки превозни средства и со паркирањето.