Францускиот претседател Емануел Макрон изрази подготвеност да биде домаќин на претставниците на бугарските и македонските власти „кога ќе дојде време“ за склучување билатерален договор што ќе овозможи отворање на пристапните преговори меѓу Скопје и ЕУ. Франција, соопшти Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.