Штипјанката Невена Коцева е исплашена за својата и безбедноста на својот имот поради свлечиште кое се појавило во близина на нејзиниот стан. Пред неколку години таа овде инвестирала во доградба на станот, а сега се појавил неочекуваниот проблем.
Невена живее сама со своите две внучиња и бара помош од надлежните да интервенираат во санација на свлечиштето.
За проблемот таа се обратила и до ЈП Стипион од каде ветиле дека ќе помогнат, но само онолку колку што им дозволуваат ингеренциите и можностите.