За повеќе од 9 пати во однос на вчера е зголемен водостојот на реката Брегалница на мерното место кај Берово, додека нивоата на повеќето реки во земјава бележат намалување во споредба со вчерашните.
Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Брегалница кај Берово вчера бил 200, а денеска е 188 сантиметри.
На мерното место кај Штип, Брегалница има само благо зголемување од три сантиметри.