Дополнителни три милиони евра, согласно ребалансот на буџетот, министерството за транспорт и врски обезбеди и ги насочи за доизградба на социјалните станови во државата.
Во моментов социјални станови се градат во цела држава, вклучувајќи го и источниот регион.
Во моментов во овој дел од државата евидентирани се 135 социјални станови. Дел од нив се во градба,а останатиот чекаат на прием и вселување. Од нив во Пробиштип и Свети Николе се по 48 и Виница 39.
Просечната површина на социјалните станови се движи од 35-47 м2.
Досега, на ниво на регион, се изградени се и вселени 243 социјални станови во, Кочани, Штип, Берово и Македонска Каменица. Во најава е изградба на уште 109 социјални станови во Штип, Кочани и Пехчево.