За над 4.600 денари поскапела потрошувачката кошничка за само една година, додека за 2.980 денари од почетокот на годината, пресметал Синдикатот.
Според нив, синдикалната минимална кошница за мај изнесува 38.791,00 денари, што е за 8,32 %. повече во однос на јануари годинава.
Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените.Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,3% во однос на предхониот месец март 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 17,0% , информираат од Синдикатот.
Од овие причини од Синдикатот бараат итно склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците за најмалку 2.806 денари во нето на секој работник во јавен сектор. Во спротивно потсетуваат на донесената одлука за одржување на генерален штрајк во јавниот сектор закажан за 22.јуни.