Село Мородвис од денес добива постојано водоснабдување со доволно количество и динамика на вода. За првпат е исталиран систем за хемиско и бактериолошки третирање на водата за добивање на вода за пиење според пропишаните стандарди на сите домаќинства. Дополнително, досегашното водоснабдување од 0,5 l/s , е зголемено на дополнителни 6 l / s , капацитет кој би снабдувал уште едно село по големина како Мородвис.