15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Свети Николе развива проект за археолошки туризам. Предизвикот е Била Зора.

Свети Николе е сериозен во намерата, да додаде нова ставка на финансиски прилив во општинскиот буџет. Изворот би бил познатиот археолошки локалитет Била Зора, место каде е откриена кралската резиденција на древните пајонци од рано античкиот период. Несомненио дека кралската палата, ќе биде магнет за љубителите на археолошкиот туризам.

Во мегувреме, експерти од штипскиот Музеј работат на конзервација на кралската палата. Ова е чекор повеќе во реализација на идејата на локалните власти за подоготовка на локалитетот во еминентен археолошки туристички комплекс.

Со конзерваторските работи, наскоро стартуваат и истражувачките,затоа што досега според оценката на археолозите 80 проценти се откриени од кралската резиденција.

За да биде комплетен фокусот на внимание, денеска во Свети Николе се промовира монографијата Пајониа и Пајонците. Дело во кое се сместени резултатите од досегашниот дводецениски истражувачки труд на македонските експерти на пајонската кралска резиденција.

Градоначалникот Владев е трпелив. Тврди, освен Била Зора, втор адут на Свети Николе е геоглифот, кој свовремено побуди доста голем интерес помегу археолошката фела, со теоријата дека можеби тука е вечното почивалиште мна големиот Александар Македонски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles