Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Херо Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година.Ова вчера беше објавено на веб-страницата на Белата куќа. Номинацијата на Бајден сега треба да биде одобрена од Сенатот.