Владата за само три години потрошила 5 милиони евра за изнајмување на возила и тоа фаворизирајќи еден ист оператор, без да се види анализа на исплатливоста, утврдила Државната комисија за спречување на корупција. Поради тоа Антикорупциска ќе достави и анализа до владата, односно министерството за политики за добро владеење на Славица Грковска да се обрне внимание на договорите.
Според конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, вкупниот број на моторни возила со кои располага Службата за општи и заеднички работи 126 моторни возила, од кои со 90 располагала таа, а 36 биле распределени во други институции.