Струјната криза ќе продолжи и наредната година, а цената и понатаму ќе биде висока. Потребно е штедење и менување на досегашните навики , најавува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Сликовитата сугестија на Битиќи, дека граѓаните треба да се ладат и да се греат помалку, поради високите цени, веројатно, ќе се случи сама по себе.
Во насока штедење на електрична енергија, но и заштита на животниот стандард, Регулаторната комисија предложи 4 тарифни модели за плаќање и секое домаќинство според можностите ќе избере кој од нив ќе применува.
Според првичниот предлог на Регулаторна во првиот блок влегува потрошувачка до 210 KW/h и овде сметките ќе бидат за 13 % пониски од сегашните.
Вториот блок е од 211 до 420 KW/h потрошена струја и за 5 % пониски сметки.
Во третиот блок влегуваат домаќинствата кои трошат од 421 до 630 KW/h и нив ги очекуваат за 6,2 % повисоки сметки.
Последната , четврта , група е наменета за потрошувачка поголема од 630 KW/h и овде струјата ќе се плаќа по берзанска цена што значи повисоки сметки за 17,9 % .