Предлогот за делумно укинување на трошоците за увозот на 80 отсто од храната во земјава за малите и големите трговци, од 5 па до 25 осто за одредени производи, веќе е стигнат до министерството за економија, потврди синоќа министерот Крешник Бектеши во тв-гостување на емисијата „Вин-Вин“. Тоа грубо би значело дека ако одреден производ се продава по 100 денари во големите ланци на маркети, на друго место не би можел да биде поскап од 110 денари, објасни министерот.